МВР за првпат во историјата на независна РСМ има заплена на прекурсор со ваков квалитет, кој се користи за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на Националната листа на прекурсори.
Зависно од начинот на употреба на прекурсорот при добивање на амфетаминот, првичната проценка е дека од запленетата количина од над еден тон, во зависност од јачината на дозирање на парче, вредноста на пазарот се проценува од 50, па сѐ до над 200 милиони евра.