(ВИДЕО) Бомба на Венко Филипче: Доколку мерките за заштита од ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето!

Почитувани,

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва изјави дека доколку мерките за заштита од ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето.

Филипче рече дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок. Но, тие се мотивирани, работат и нема да се случи болните од ковид да останат без медицинска нега.

Заради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи Филипче истакна дека Комисијата за заразни болести предложи до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати.

„Искрено верувам дека овие мерки ќе дадат резултат. Но, доколку не дадат сигурно дека ќе има препорака за рестрикција во движење. Најпрво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, угостителски објекти итн., но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа ние поучени од тоа, постепено ги отворивме училиштата. Но, тие земји се соочија со еден нагол скок на случаи, нагло оптеретување на болничките капацитети, како во Израел, каде мораа да воведат рестрикција во движењето. Тоа ќе следи ако имаме и понатаму зголемување на бројот на дијагностицирани случаи и дополнително оптеретување на болничките капацитети“, потенцираше Филипче.

Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата, тој посочи дека единствено се обидуваат политички да поентираат и немаат никаков аналитички концепт, ниту пак намера нешто добро или квалитетно да препорачаат.

„Да сакаа да помогнат тие ако ништо друго ќе го потпишеа заемот. Дополнителната заменичка министерка за финансии не го потпиша заемот кој беше помош за нашиот здравствен систем. 35 милиони евра од Светската банка. Тоа е кредит којшто од почетокот на кризата го добија 100 земји во светот. Да го потпишеше тогаш опозицијата во техничката влада сега мобилните ковид центри ќе беа инсталирани насекаде во државата. Апсолутно сметам дека станува збор за крајно несериозен пристап. За потценување на целата оваа борба, за поигрување на здравјето на граѓаните. Впрочем никогаш немале сериозен однос кон здравствениот систем. Оваа клиника којашто е позади нас повеќе од 10 години немаше топла вода Тоа го направивме во изминатиот период“, рече Филипче.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

game bài sunwin sunwin club sunwin web

sunwin tải sunwin tải sunwin apk

game sunwin game sunwin game bài sunwin

tải sunwin

sunwin