БОМБА НА ЗАЕВ: Ја имаме првата блокада и непријателска порака од Бугарија

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на увидот на магестралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар изјави, „Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка“.

-Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој Членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршивме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија. Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија, изјави Заев.

Заев сепак смета дека не треба да се прави драма иако како што рече испратена е неубава порака од бугарска страна. Премиерот е оптимист дека на следните два состанока на работните групи може да се приближат ставовите, а се надева и на позитивен исход од средбата со Борисов во понеделник.