БОМБА – НИШТО ОД РУШЕЊЕТО НА ВЛАДАТА: ВМРОВЦИТЕ НЕМААТ 61, ПОБАРАА ПАУЗА ОД 1 ЧАС!

Пратеничката Дафина Стојановска која е заменик координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара пауза од 1 час на седницата за гласање недоверба на владата.

Ова е показател дека нешто не штима во мнозинството од 61 пратеник, некој фали и сега ВМРО ДПМНЕ ќе проба да ја спаси ситуацијата инаку 3 месеци нема да може да бараат недоверба на владата.

Инаку во собраниската сала присутни се само пратениците на опозицијата, сите други пратеници ја напуштија салата за да им остават простор на опозиционерите сами да се изборат за овој преврат кој го почнаа со иницијатива за недоверба на владата.