БРАЌАТА ТУРЦИ ЌЕ СЕ ОПАРАТ – Ердоган: Турција откри 135 милијарди кубни метри гас во Црното Море

Минатата година, турскиот истражувачки брод Фатих (Освојувач) пронајде 405 милијарди кубни метри природен гас во полето Сакарија во западното Црно Море, најголемото турско откритие досега.

„Нашиот истражувачки брод Фатих откри 135 милијарди кубни метри природен гас во бунарот Аамасра-1 во полето на природен гас Сакарија“, рече Ердоган на церемонијата во црноморската провинција Зонгулдак.

“Операциите за тестирање околу бунарот продолжуваат. Фала му на Бога, очекуваме нови добри вести од овој регион”, додаде тој.

Турција, која има малку нафта и гас, во голема мера зависи од увозот од Русија, Азербејџан и Иран, како и од течен гас од Катар, САД, Нигерија и Алжир.

Минатата година Турција увезе 48,1 милијарди кубни метри гас, шест проценти повеќе од претходната година, третина од тоа од Русија.

Турција спроведува истражувања и во источниот Медитеран, спорната област во сопственост на Грција и Кипар.

Link with us
Game bài đổi thưởng