БРАВО – 1.500 нови работни места во економската зона во Тетово

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу
заедниците,

г. Артан Груби денес беше присутен на поставувањето камен-темелник на
новата инвестиција на компанијата ЛЕАР и НОРМАК во технолошката
индустриска развојна зона во Тетово.

Владата на Република Северна Македонија од септември минатата година
усвои афирмативна одлука за инвестирањето на приватните компании ЛЕАР и
НОРМАК во оваа слободна економска зона.

Во оваа пригода, Груби ја истакна важноста на оваа инвестиција која се
очекува да обезбеди над 1.500 работни места од кои ќе имаат корист
жителите на Тетово и околината.

Првиот вицепремиер г. Груби ја искористи можноста да им се заблагодари
на претставниците на компаниите LEAR и NORMAK за добрата и успешна
соработка и да им честита за нивната улога во продлабочувањето на
односите меѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка, во
овој случај со Државниот Инвестициски Норвешки Фонд.

Меѓу другото, Груби истакна дека секоја странска инвестиција во
Република Северна Македонија ја намалува стапката на невработеност и тоа
го покажуваат сите статистики во последните години.

Со почит,
Сектор за односи со јавност
Кабинет на првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи
меѓу заедниците

Link with us
Game bài đổi thưởng