БРАВО, 120 ПОМАЛКУ ОЏАЦИ ВО ШУТКА – ЖИТЕЛИТЕ НА ШУТО ОРИЗАРИ ГИ ПРЕДАВААТ СТАРИТЕ ПЕЧКИ НА ДРВА И НАФТА

Жителите на општината Шуто Оризари кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје, викендов ги предаваат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Шаип Јусуф“. Акцијата трае од 10 до 16 часот.

До привременото запирање на повикот за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди, во Град Скопје се пристигнати 4.282 апликации. Само од општината Шуто Оризари пристигнати се околу 120 апликации на овој јавен повик.

Акцијата за предавање на старите нееколошки печки во наредниот период ќе продолжи и во другите скопски општини, за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.