БРАВО – Бачовски: И оваа година земјоделците ќе имаат „зелена нафта“ и тоа 50% субвенционирана од државата

Како и претходните две години и оваа година земјоделците ќе имаат на располагање зелена нафта, изјави за Агротим, првиот човек на Платежната агенција, Никица Бачовски.

-Заврши постапката со избор на оператор, каде што земјоделците ќе можат да ја точат нафтата за својата механизација. Оваа година 50% се субвенции за нафта, но не повеќе од 100 000 денари по корисник.

Во текот на летото ќе се изработат картичките, кои ќе ги поделиме во Подрачните единици на министерството за земјоделство и веќе во август и септември масовно ќе почнат да се делат картичките, со што земјоделците ќе имаат поефтина нафта пред сеидбата и извршување на другите агротехнички мерки – изјави Бачовски.

Link with us
Game bài đổi thưởng