БРАВО: БОГДАНОВИЌ ВО АКЦИЈА ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА 1620 СЕМЕЈСТВА ДОНАЦИЈА НА ЕУ

(Скопје, 14.5.2021) Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ беше дел од најголемата национална акција „Стоиме заедно“, која е спроведена од страна на невладината организација „Банка за храна“, а се реализира со поддршка од Европската Унија во Скопје, Цивика мобилитас и ЦБФ Македонија за проектот ВСС Ефект.

Целта на проектот е подобрување на правната и институционалната рамка во Република Северна Македонија, која има цел да овозможи соодветна превенција од фрлање на храна, како и заеднички акции за намалување на гладот и сиромаштијата.

„Добрите работи се подобри кога растат и се зголемуваат. Би сакал да им честитам на нашите пријатели од „Банка за храна” за организацијата и реализацијата на најголемата национална акција за борба против сиромаштијата. Општина Центар како долгогодишен партнер и соработник продолжува и наредниот период со редовни активности за проектот „Нула Глад“ во Општина Центар за најранливите категории граѓани“, изјави Богдановиќ

Во рамки на денешната хуманитарна акција волонтираа претставници од разни здруженија, организации и институции, кои се приклучија во процесот на подготовка и пакување на 35.000 килограми прехранбени производи за 1620 семејства, кои живеат во социјален ризик во дваесет општини во државата. Покрај пакетите со храна, дополнително ќе бидат обезбедени 1620 средства за дезинфекција и 6480 заштитни маски, кои ќе бидат дистрибуирани до крајот на месец мај.

Link with us
Game bài đổi thưởng