БРАВО : Бугарија отвора два центри за вакцинација на македонски граѓани, ќе може да се бира Фајзер, Модерна и Астра Зенека

Македонски граѓани ќе можат да се вакцинираат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.

Бугарија отвара два центри за вакцинација против Ковид-19 на граничните премини со С. Македонија, на кои ќе можат да севакцинираат македонски граѓани. Како што јави бугарската телевизија БНТ, македонски граѓани ќе можат да се вакцинираат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.

Бидејќи мобилните канцеларии се наоѓаат во меѓуграничната зона, граѓаните нема да мора да влегуваат во Бугарија и затоа не треба да покажат негативен резултат на ПЦР тест. Оние коишто сакаат да се вакцинираат ќе можат да изберат помеѓу АстраЗенека, Бионтек/Фајзер и Модерна. Имунизацијата, како што најавуваат бугарските медиуми, ќе започне утре и веќе имало регистрирани жители на Република Северна Македонија кои се заинтересирани да се вакцинираат на овие пунктови.

Отворањето на мобилните канцеларии е идеја на бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски, наведува БНТ.

Link with us
Game bài đổi thưởng