БРАВО – Дојран набави возило амфибија со пари од ЕУ, ќе се користи за чистење пластичен и зелен отпад

Општина Дојран со пари од ЕУ набави амфивија, возило кое може да се движќи и на земјена и на водена површина, за собирање на пластичен и зелен отпад.

„Согласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро – набавивме сувоземно-пловен багер – „Амфибија“ за собирање на пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранско Езеро“, информира градоначалникот Анго Ангов.

Набавката на возилото финансиски е овозможена од Европската Унија во рамки на Проектот Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро.
„Општина Дојран работи и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на квалитетот на водите на Дојранското Езеро, овозможувајќи им на граѓаните да го остварат своето загарантирано право на здрава животна средина“, додаде Ангов.

Link with us
Game bài đổi thưởng