БРАВО – ЕКОНОМСКИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ СРЕТНАА СО ИЗВОЗНИТЕ ФИРМИ ВО ПРИЛЕП

Денеска одржавме работна средба со претставници на Министерството за надворешни работи и со компании членки на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп.
Заедно со прилепските стопанственици, а во присуство на амбасадорот Игор Попов, директор за економска и јавна дипломатија, како и Сузана Тунева, Бекри Ајдини, Илија Псалтиров и Абдилџемил Саити, економски советници за Република Турција, ОАЕ и земјите од заливот, Полска и земјите од Вишеградската група, како и за СР Германија и Австрија, разговаравме за унапредување на соработката помеѓу МНР, локалната самоуправа и бизнис секторот.

Во општина Прилеп постојат голем број стопански субјекти кои се извозно ориентирани и кои се заинтересирани за освојување нови странски пазари, пред се’ од прехранбената и тутунската индустрија, мермерот, текстилот, кои со своите производи можат да се претстават во многу држави.

Со оваа средба меѓу нашите стопански субјекти и претставниците од економскиот дел на МНР, а во координација на Општина Прилеп, сигурен сум дека ја постигнавме целта и дека во иднина прилепските компании ќе бележат поголеми успеси на полето на економијата.

Во насока на подобро запознавање на можностите на прилепските компании, заедно со претставниците на Министерството за надворешни работи ги посетивме прехранбената индустрија „Витаминка“ и компанијата „Комфи Ангел“.

Link with us
Game bài đổi thưởng