Вака изгледа денеска планинскиот премин Стража кој е најфреквентен во текот на летото поради илјадниците туристи кои одат за Охрид преку Тетово и Гостивар.
Преминот беше преплавен со ѓубре и имаше реакции од јавноста, со право, и денеска утрово владата испрати екипи да го исчистат теренот, браво за ажурноста, во иднина ова треба да се случува редовно, еднаш неделно преминот да се чисти темелно затоа што многу странски туристи го гледаат тоа и се остава лош впечаток за нашата земја.