?? Еден од врвните приоритети во нашата работа се децата. За нас важно е тие да имаат пристап до квалитетен и безбеден процес на образование, процес кој треба да биде пример и за другите општини во државата.
?? За таа цел, Општина Центар, во соработка со неколку општествено-одговорни компании, денес донираа 60 преносливи компјутери за полесно одржување на онлајн настава на општинските основни училишта.
? Им благодарам на компаниите кои одлучија да бидат дел од овој проект. Воедно, апелирам и до останатите општествено одговорни компании и поединци кои се во можност, да ја покажат својата хуманост и тие да дадат свој придонес во справувањето со коронавирусот.
? Општина Центар, под мотото: Хумана, Одговорна, Отчетна и Зелена – општина по терк на граѓаните, од 2.11. до 6.11. ги одбележува Деновите на Општина Центар.
