БРАВО ГАЗИ БАБА: ВО АКЦИЈАТА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СИРОМАШНИТЕ, ЗА САМО 10 ДЕНА СОБРАНИ НАД 1000 КИЛОГРАМИ ХРАНА, ОБЛЕКА, ПЕЛЕНИ, ШКОЛСКИ ПРИБОР!

Во рамки на #ГазиБабаСеГрижи досега се собрани:
? 665 кг храна
? 40 кг облека
? 175 кг хигиенски средства
? 104 пакети пелени
? детски играчки
? постелнини
? училишен прибор
Во акцијата учествуваат голем број наши сограѓани, а со своја поддршка и донација во вторите 10 дена се приклучија и поголем број на јавни личности, културни работници и бизнисмени. Со своја поддршка и јавен апел за донирање во вторите 10 дена се вклучија и министрите Ljupcho Nikolovski, Radmila Sekerinska и Јагода Шахпаска, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Jovan Despotovski, учениците и наставниците од ООУ „Наум Охридски” од Булачани, Petrus Theunisz од Civica Mobitilas, пејачите Vasil Garvanliev, Daniel Dann и Aleksandra Janeva, како и актерката Izabela Pan и спортистот Мартин Јованов (Ј. М.).
Акцијата “Месец на хуманост-Гази Баба се грижи” трае до 2 ноември. Донирај прехранбени производи, хигиенски средства или облека секој работен ден помеѓу 10 и 17 часот на следните пунктови во Општина Гази Баба:
Дим Маркет во #Железара
Кит-Го маркети во #Автокоманда
KAM MARKET во #Маџари
TINEX #Годел
Партнери во спроведувањето на акцијата се: Ајде Македонија, Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness, Црвен крст – Гази Баба, Копче / Kopche, Ретвитни oброк-Retweet a meal, Лице в лице, Пакомак, Sunilens, Нула Отпад ДОО Скопје и Шепасти Ентузијасти – Pawsome Enthusiasts. Организациите – партнери во оваа акција, постојано се на терен и се грижат секоја донација да стигне онаму каде што е најпотребна.
Приклучи се! Да покажеме заедно дека #ГазиБаба се грижи!