БРАВО – ГТЦ ЌЕ ПРАВИ СТРУЈА Соларни панели ќе се наредат на покривот

ЕСМ и ГТЦ ќе градат систем за производство на електрична енергија од сонце на покривот на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Фотоволтаиците ќе бидат поставени на кровниот простор кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.

Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градски трговски центар, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен објект, наведуваат од ЕСМ.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година, и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ – енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно на сончева енергија.

sunwin

sunwin

sunwin web sunwin apk tải sunwin apk

sun win

tải sunwin