БРАВО: Ќе се враќаат на работа отпуштените работници во време на кризата, најави Заев

Наскоро ќе започне реализацијата на четвртиот пакет економски мерки кој опфаќа директна помош за економијата и за граѓаните. Пакетот ги опфаќа најсиромашните за да се врати нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати, најави премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук.

-Ќе има стимулативни мерки и за враќање на отпуштени работници во време на кризата, затоа што сакаме тие што се отпуштени да се вратат на работа, особено кога има недостиг на квалификувана работна сила, напиша Заев.

Тој најавува дека платежни картички ќе добијат пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа и самохраните родители, а се прават и проценки стечајните работници кои добиваат надоместок од 8.000 денари, да добијат уште еден вид на помош.

Паралелно со ова, Заев најавува и засилено финансирање на капиталните инвестиции во чија реализација ќе бидат ангажирани домашните компании.

– Активно работиме на процесот на гасификација, се заокружува примарниот прстен на гасоводна мрежа во државата и наскоро ќе бараме концесионер кој ќе доставува гас до домаќинствата и фабриките. Започнува проектот „Чебрен“, во вредност меѓу 600 и 800 милиони евра. Треба да започне реализацијата на Клиничкиот центар во Скопје во вредност од над 500 милиони евра, посочува Заев.

sun win

tải sunwin

sun win

sunwin

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất game bài sunwin