БРАВО – КУПИВМЕ ЃУБРАРКИ И ЦИСТЕРНИ, СЕГА ЌЕ ПРАВИМЕ РЕЦИКЛАЖНИ ДВОРОВИ ВО СЕКОЈА ОПШТИНА, ВЕЛАТ ОД СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

„Комунална хигиена“ од денес има пет камиони за собирање ѓубре, а наредниот месец ќе бидат испорачани уште 32 возила. (Фото: К. Попов)

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од денеска има пет нови камиони за собирање на ѓубрето низ Скопје, а до крајот на наредниот месец ќе бидат испорачани уште 32 возила. Покрај ѓубрарки, возниот парк на претпријатието ќе биде обновен и со автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери со што, како што велат надлежните, ќе се заокружи обновувањето на возниот парк.

„Претпријатието го наследивме во очајна состојба, со стари возила, но и недоволен број. Пред две години купивме нови контејнери и нови возила за подигнување на ѓубрето од нив. Со оваа набавка е заокружен тој процес и сега ќе се фокусираме на други проекти. Приоритет во работењето ќе ни биде отворање рециклажни двовори за селекција на отпадот во сите скопски општини, сега имаме само два“, вели директорот на директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

Покрај ѓубрарки и метларки, наредниот месец ќе стигнат и нови цистерни за миење на улиците, со што претпријатието ќе има вкупно 20 вакви возила, по две за секоја општина.

„Наследивме осум цистерни за миење на улиците од кои едно возило беше неисправно. Мандатот ќе го завршиме со 20 прскалки и сериозно ќе влијаеме во подигнување на јавната хигиена во нашиот град. Сите возила се технолошки најнапредни, со цел да влијаеме врз хигиена и да не го загадуваат градот“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Набавката на 37 возила за потребите на „Комунална хигиена“ чини 200 милиони денари со вклучен ДДВ (околу 3,2 милиони евра).

Link with us
Game bài đổi thưởng