БРАВО СПАСЕНИ СЕ ДЕСЕТИЦИ ЖИВОТИ – МВР: 2020-та е година со најмал број загинати во сообраќајни незгоди

Како резултат на преземените активности на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

На прес-конференција во Струмица, Ангеловски рече дека возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

-Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 107 возачи, од кои 69 кои возеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи за возење без возачка дозвола, четири за возење на нерегистрирано возило. Контролите се главно насочени кон санкционирање на прекумерната брзина затоа што направените анализи покажуваат дека токму возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди, истакна Ангеловски.

Link with us
Game bài đổi thưởng