БРАВО – НА КЛИНИКА ЗА НЕВРОХИРУРГИЈА ЗА ПРВ ПАТ СЕ ИЗВЕДЕ ПРЕЦИЗНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТУМОР НА МОЗОК СО ТЕХНИКА НА ФЛУОРОСЦЕНТНО ОБОЈУВАЊЕ

Денеска на Клиниката за неврохирургија со мојот колега, д-р Владимир Рендевски, идниот заменик министер за здравство, на операција за прв пат изведовме нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите. Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување.