БРАВО – Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Септември, 2019 – свечено промовирање на Жените амбасадорки за е-трговија на УНКТАД за време на годишното собрание во Њу Јорк од страна на Генералниот секртар Мукиза Китуи

(07.05.2021) Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет.

Неделава УНКТАД ја одржа неделната програма за прогласување на новата група избрани жени-амбасадори за е-трговија (еTrade for Women Advocates) за 2021-2022 година. Ѓ-ѓа Изабел Дурант, вршител на должноста Генерален секртар на УНКТАД упати честитки до амбасадорките на свечената церемонија за нивно назначување која оваа година се одржа виртуелно.

Втората група на „амбасадорки на е-трговија” брои шест успешни жени претприемачи кои ги покриваат следниве региони: Арапските држави, Африка, Балканот, Латинска Америка и Југоисточна Азија. Ангеловска е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадорка на е-трговија“ за Балканот.

Жените-амбасадори за е-трговија се успешни и влијателни жени, бизнис-лидери одбрани од УНКТАД со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите што ги носи глобалната дигитална економија и со тоа да придонесат за зајакнување на позицијата на жените во дигиталната економија. Преку нивната работа и лидерство, амбасадорките ја инспирираат и ја поттикнуваат следната генерација жени претприемачи да градат поинклузивни дигитални екосистеми на локално ниво.

„Ми претставува голема чест што мојот мандат во UNCTAD продолжува. Од улога на Амбасадор на иницијативата Е-трговија за жени се надевам дека ќе инспирирам што повеќе жени да бидат храбри, да го искористат својот потенцијал и предностите на технологијата, да покажат што знаат и умеат, да целат високо и да ги водат промените. Сега во време на COVID-19, повеќе од било кога треба да ги претвориме предизвиците во можности и да го искористиме потенцијалот на дигиталната економија и жените.” – вели Ангеловска

Инаку, првото прогласување на Ангеловска за „жена-амбасадор за е-трговија” беше за време на 74тото Генерално Собрание на Обединетите Нации, кое се одржа од 23 до 26 септември 2019 година, во Њујорк.

Иницијативата преку која УНКТАД ги избра „жените амбасадори на дигитална трговија“- „Е-трговија за жени“ (eTrade for Women) има за цел да го поттикне економскиот раст и да ја намали сиромаштијата во земјите во развој комбинирајќи ги придобивките од технологијата и претпримништвото кај жените. Со помош на нивното искуство во дигиталната трговија, глобалните амбасадорки, треба да помогнат во спроведување на Целите за одржлив развој на ОН промовирајќи го користењето на технологија во служба на економскиот развој. Иницијативата е поддржана од владите на Холандија и Шведска.

Link with us
  • tải game tip club game rik vip rik vip
  • go88
  • rikvip dang nhap rikvip cong game rikvip
Game bài đổi thưởng