БРАВО – ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА СТРУШКАТА БОЛНИЦА ШТО ЛЕКУВАЛ ДОМА ВО ДИВА ГИНЕКОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА

Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани остана без 3 органи. (Фото: СДК.МК)

Основното јавно обвинителство Струга денеска до надлежниот суд достави Обвинителен акт против поранешниот директор на Струшката болница и гинеколог д-р Мухамед Асани за кривичното дело – Давање здравствени услуги без дозвола за работа од член 304 – а од Законот за здравствена заштита. 54-годишниот стружанец Асани, доктор специјалист по гинекологија и акушерство, е обвинет дека давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа.

„Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа во која живее, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи обвинетиот наплатувал по 1000,00 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ. При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство на 16 јануари 2020 година, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено Решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност“, вели Обвинителството.

Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во Струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.

Министерот за здравство Венко Филипче на 17 март го разреши д-р Асани од директор на Струшката болница.

Link with us
Game bài đổi thưởng