БРАВО ОВА Е ВИСТИНСКА ЛЕВИЦА КОЈА МИСЛИ НА РАБОТНИЧКАТА КЛАСА, 13 000 ГРАЃАНИ ЌЕ СИ ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ – Заев: Подготвен е Закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж!

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој, како што рече, верува дека Парламентот ќе го усвои.

Според Заев, законското решение опфаќа околу 1.100 лица.

„Се работи за 140.000 денари. Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок“, потенцира Заев.

Тој потсети дека како Влада зеле обврска да им излезезат во пресрет на околу 13 илјади лица, коишто работеле во државни претпријатија, кои пропаднале, а луѓето останале без работа.

„Затоа се донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица, кои поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, со услов 15 години, останале без работа. Досега тој надоместок го примаат околу 13 илјади граѓани. Но, чувството на неедкавост кај лицата кои работеле 14 години и 10 месеци или 14 години и седум месеци е сосема оправдано оти и тие како нивните колеги работеле заедно иста работа“, рече Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng