БРАВО – ПЕТ ПАТИ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ, АКО ТРЕБА ЌЕ ИМА И ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

До крајот на септември ќе се спроведат уште четири прскања против комарци и авионски и од земја. (Фото:К.Попов)

Град Скопје досега два пати авионски прскаше против ларви од комарци и еднаш против возрасни форми на комарци, а в петок ќе се врши дезинфекција по улиците. Вкупно според програмата, во Скопје авионски против возрасни форми ќе се прска пет пати. Градските власти велат дека дека дезинфекцијата е навремено почната.

„До крајот на септември имаме уште четири прскања против комарци и авионски и од земја. Ако има потреба ќе се спроведе и дополнително прскање“, велат од Град Скопје.

Лани во Скопје вриеше од комарци, па покрај редовните четири авионски прскања, по реакциите на граѓаните кон крајот на август Градот беше приморан да изврши и вонредно петто прскање.

Прскањето против комарци како и лани ќе го спроведуваат фирмите „ПРИМАТЕКС Бранка ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“ и „АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево“. Тие за 1.1 милиони евра го добија тендерот на Град Скопје за прскање против комарци за 2020 и 2021. Првата фирма, според договорот, треба да добие 34.891.290 денари за набавка на средство за уништување на комарци и ларви, додека втората фирма, согласно договорот, треба да добие 32.399.850 за “авионска апликација на претходно наведеното средство“.

tai bai rikvip rikvip

choi rikvip tren web rikvip

sunwin web sunwin mới sun win 888