БРАВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ – СКОПЈЕ ПОЛЕКА НО СИГУРНО ОД БАЛКАНСКА КАСАБА ЗАЛИЧУВА НА ЕВРОПСКИ УБАВ ГРАД: ТРОТОАРОТ СПРОТИ СКОПСКАТА ГЛАВНА ПОШТА ОСЛОБОДЕН ОД КОЛИ И УРЕДЕН СО НОВО ЗЕЛЕНИЛО

Со години овој дел од центарот на градот беше претворен во паркинг и окупиран со непрописно паркирани возила и билборди, па целосно го попречуваше движењето на пешаците. (Фото: Град Скопје)

Тротоарот крај Градски ѕид блок 1, спротив зградата на Пошта во Скопје е ослободен од коли. Со години овој дел од центарот на градот беше претворен во паркинг и окупиран со непрописно паркирани возила и билборди, па целосно го попречуваше движењето на пешаците.

„Сега, овој простор е целосно трансформиран во модерен тротоар направен по сите стандарди, чија единствена цел е да го направи движењето на пешаците и велосипедистите попријатно и полесно. Тротоарот е реконструиран со печатен бетон, изведена е нова велосипедска патека, а поставени се и клупи и корпи за отпадоци. Во рамките на есенската акција за зазеленување на градот засаден е дрворед од 16 јавори со подни дренажни решетки и систем за наводнување капка по капка, како и жардиниери со украсно зеленило“, велат од Град Скопје.

Со уредувањето на овој дел, целосно е ослободен од возила и изведена е велосипедска патека околу целиот блок 1 на Градски ѕид.

Град Скопје лани го ослободи од возила и го уреди тротоарот спроти соборниот храм Свети Климент Охридски па сè до крстосницата кај ТЦ „Палома бјанка“. На овој дел, кој со години беше блокиран со паркирани возила бидејќи не се наплатуваше паркирање, беа поставени столпчиња, а тротоарот е уреден во пешачка и велосипедска патека, нови клупи и зеленило.

ИЗВОР: СДК.МК

Link with us
Game bài đổi thưởng