БРАВО – По цели 35 години, комплетно е реновирана Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ ОБ Струмица

Рехабилитирани се чекалната, амбулантите за преглед и земање на крвни примероци, салата за пункција на крводарителите, кујната за освежување на крводарителите, лабораторијата за имунохематолошки анализи, лабораторијата за хемостаза и хемостатски нарушувања, кабинетитет за лекарските специјалисти, собата за дежурство за лаборантите и тоалетите. Ова е овозможено благодарение на личната донација на премиерот Zoran Zaev, за што јас лично и целиот медицински тим сме му благодарни.

Сега граѓаните на Струмица добија обновен и модерен простор по највисоки стандарди. Вработените во овој оддел се директно вклучени во борба со пандемијата – во изминатиот период изменаџирани се 1940 пациенти од кои 1050 пациенти со коагулација на крвта како резултат од ковид компликации и организирани се 7 крводарителски акции во вонредни услови, а преку нив се обезбедени 410 крвни единици.

Link with us
Game bài đổi thưởng