БРАВО – Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека почнувајќи од денеска и во следните два дена, на вакциналните пунктови во државата ќе се вакцинираат сите хронично болни пациенти и пациенти со ризик од ковид-19, коишто се на возраст од 20 до 40 години, а се пријавиле за вакцинација до 30 април.

„Опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби“, стои во соопштението од министерството.

Link with us
Game bài đổi thưởng