БРАВО – Склучен договорот за реконструкција на Универзална сала, наскоро стартуваат работите

Градот Скопје денеска го потпиша договорот за реконструкција на фасадата и кровниот покривач на Универзална сала. Градежните работи ќе чинат нешто над 115 милиони денари (речиси 1,9 милиони евра), а за изведувач на работите е избрана скопската фирма „Универзал-Балкан“, се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки.

Како што вети пролетва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, автентичниот изглед на Универзална сала нема да се менува, објектот ќе го задржи постојниот облик и големина за да се сочува колективната меморија за Универзална како симбол на меѓународната солидарност искажана кон Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

„Денес, во услови на светска пандемија, кога започнуваме со нејзина обнова, Универзална повторно ја носи истата порака. И уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“ на Град Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција, како донација“, изјави пролетта Шилегов.

Универзална сала е затворена од 2015 година и на објектот во моментов му е неопходна итна санација за да може да продолжи да функционира со организирање на настани. Македонската влада од државниот буџет издвои 120 милиони денари за реконструктивниот зафат, со кој Универзалната сала ќе профункционира повторно во главниот град.

Link with us
Game bài đổi thưởng