БРАВО – Со 800 000 ЕВРА ОД ТАВ, ПРИЛЕП ГО РЕШАВА ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ СО ВОДАТА!

Општина Прилеп посветено работи на решавање на децениските проблеми, со кои се соочуваат граѓаните.
Во таа насока, вчера го потпишавме договорот за реализација на проектот „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во мeстото викано ‘Пашоски ливади’ до собирна шахта во КО Прилеп“.

Станува збор за средства во висина од 40.540.000,00 денари, кои се обезбедени со одлука на Владата за прераспределба на парите од ТАВ програмата.
Со проектот се предвидени градежни активности за подобрување на доводните цевководи, од постојните извори во месноста викана „Пашоски ливади“ до собирната шахта на разводната водоводна мрежа за градот.

Реконструкцијата предвидува ископ на нова траса во должина од 4 км и поставување нови лиено-железни водоводни цевки со профил од 300 мм и притисок од 10 бари, заедно со целата потребна придружна хидротехничка опрема.

Во моментов со постојниот цевковод идат околу 10 литри во секунда, а после неговата реконструкција, од изворите во месноста „Пашоски ливади“ во главната водоводна мрежа во градот ќе доаѓаат околу 25 литри во секунда. На месечно ниво, тоа значи нови 39.000 метри кубни вода за потребите на граѓаните на општина Прилеп.
Изградбата на новиот цевковод ќе трае од 4 до 6 месеци.

Со потпишувањето на договорот, се потврдува поддршката која во изминатите триипол години, во континуитет ни ја дава Владата на Република Северна Македонија.
Обезбедувањето на нови количини чиста и здрава вода за пиење, е наш влог во зачувувањето на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во нашата општина.

Link with us
Game bài đổi thưởng