БРАВО – СО ГРАНТ ОД ВЛАДАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 450 000 ЕВРА, ТЕТОВО СЕ ОПРЕМИ СО 4 КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, 2 МЕТЛАРКИ И 150 КОНТЕЈНЕРИ

Општина Тетово денеска предаде во употреба 4 нови камиони за собирање отпад, 1 чистач и 1 воздушна метла, за потребите на ЈПК „Тетово“

Овој проект беше имплементиран пред извесно време во рамките на грантот во износ од 26.446.389,00 МКД преку канцеларијата на МСИП при Министерството за финансии, финансиран од Светска банка.

Грантот вклучува снабдување на општината со 4 специјални возила за собирање отпад, 2 специјални возила за чистење и 150 контејнери.

Овие неповратни средства се добиени во рамките на успешната имплементација на два претходни проекти со Светска банка: продолжување на булеварот В.С Бато и снабдување со 5 автобуси за потребите на градскиот превоз.

Овој проект ќе овозможи континуирано собирање отпад и истовремено обезбедување чиста животна средина за граѓаните.
#УштеПовеќеЗаНашеТетово