БРАВО – Судските полицајци ќе добијат плати повисоки од 8 до 18 отсто

Министерот за правда Бојан Маричиќ и Независниот синдикат на судска полиција, во присуство на гранковиот синдикат УПОЗ го потпишаа правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите.

Потпишувањето на правилникот е резултат на неколкумесечно преговарање на синдикатите и Министерството за правда.

Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8% до18%. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Link with us
Game bài đổi thưởng