БРАВО – Уапсени две лица што го запалија српското знаме во Тирана

Полицијата во Албанија уапси синоќа две лица поради сомнеж дека го запалиле српското знаме во текот на вчерашните протести во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.

Според тврдењата на албанскиот портал „Топ ченел“, уапсените лица биле спроведени до полициска станица за испрашување.

На вчерашниот протест, кој го организираше поранешниот албански премиер Саљи Бериша, а кој беше насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на денешниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, беше запалено и изгазено српското државно знаме.