БРАВО – Вакцините донирани од Турција во земјава за седум до десет дена, Заев најавува и најмалку десет нови турски инвестиции

– Најмалку десет нови турски инвестиции во зоната на Коридорот 10 во Гевгелија, зајакнување на соработката меѓу армиите на Северна Македонија и Турција, донирање на 30 илјади вакцини Синовак, кои би пристигнале за седум до десет дена, се дел од темите за кои вчера во Истанбул разговарале премиерот Зоран Заев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Заев, кој вчера придружува од министерот за здравство Венко Филипче, престојуваше во еднодневна работна посета на Истанбул, денеска по увидот на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговори подетално што договориле вчера со турскиот претседател.

– Разговаравме и мислам дека утврдиме најмалку 10 нови турски инвестиции, во зона која што ја разработуваме на Коридорот 10, во Гевгелија. Се работи за инвестиции од секаков вид во преработувачка индустрија, коишто се стратешки поставени за европскиот пазар, нешто за кое што нашите комори подолг период разговараа, а сега го утврдивме. Заедно со претседателот на вечерата беа соодветните министри со кои што разговаравме и за ваквите детали. Разговаравме секако и за соработката меѓу армиите. Ние сме членка на НАТО. Многу соработува со Турција. Турција е еден од значајните донатори на Република Северна Македонија во армиска опрема. Овој пат имаме набавки од наши пари, но секако очекуваме и дополнителен придонес од Турција, затоа што Турција е наш голем пријател, истакна Заев.

Ги спомена и 30-те илјади вакцини, за кои претходно информираше Филипче, појаснувајќи дека во земјава треба да стигнат во рок од седум до десет дена.

– Секако поради големата љубов кон Македонија и на претседателот Ердоган, но и на раководството на пријателска Турција веднаш на наше барање ни излегоа во пресрет со 30 илјади вакцини. Додека ги чекаме новите количини, овие ни се добредојдени, рече Заев нагласувајќи дека најважно е процесот на вакцинација во земјава да се одвива континуирано.

На средбата со Ердоган се разговарало и за поставеноста на Северна Македонија во НАТО, за претстојниот Самит на Алијансата во Брисел на 14 и 15 јуни, на кој, како што рече ќе се градат сериозни политики врзани со југоисточниот дел на Европа, каде што припаѓаат Турција и Северна Македонија.

Заев истакна дека веќе најавил оти во престојниот период ќе реализира стратешки патувања во Истанбул, Тирана, Париз, Виена и тоа во насока на предизвикот за интеграција во Унијата. Истакна дека на 17 јуни ќе се одржи самитот во Анталија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој ќе присустува и претседателот Стево Пендаровски, но ќе бидат присутни и претседателите на Бугарија и на другите соседни земји.

-Ова ќе можеме да го искористиме како можност да продолжи пријателството, европската интеграција на Западен Балкан и сл., посочи тој.

Премиерот истакна дека не би сакал да соопшти повеќе детали за што е разговарано на вчерашната средба со високите турски претставници, заради тоа што, како што рече, се дел од стратегии и планови на кои се работи.

– Министерот за здравство ќе изнесе повеќе во престојните денови околу производството на турските вакцини, ќе се изнесат повеќе детали околу размислувањата во врска со дроновите за обезбедување на граничните појаси и многу други детали, истакна Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng