БРАВО – Ваучери од 12 000 денари за летување во домашните хотели за работници со ниски приходи

Работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30 000 денари, ќе може да искористат ваучери во вредност од 12 000 денари во некои од домашните хотели.

Повикот за аплицирање е објавен денеска од страна на Министерството за економија и ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

„Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи во 2021 и предвидува издавање потврди/ваучери за туризам во вредност од 12 000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија – велат од Министерството.

За реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари. Ваучерот за користење средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страницата на Министерство за економија.

„Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и, истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам. Потврдата за користење средства за организиран одмор се издава по принципот ‘прв дојден прв услужен’ – велат од Министерството.

tải game rik vip rik vip rikvip tai

tải go88

tại go88 về android tải go88