БРАВО ВЕНКО – Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп. Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок

Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати.

На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување.