Заврши реконструкцијата на третиот крак од водоводна мрежа на дел од улицата Козле, проект за кој се потрошија 1,5 милиони денари.
Беше направена нова мрежа со профил Ф-100 милиметри и должина од 102,8 метри, а последната реконструкцијата опфати дислокација на водоводната мрежа, која претходно поминуваше низ имотот на дел од корисниците.Старите и дотраени цевки беа заменети со нови изаботени од дуктилно лиено железо.
Како што посочија од ЈП „Водовод и канализација“, проектот е дел од програмата на Јавното претпријатие за инвестирање и реконструкција на дотраените делови на водоводната мрежа. Покрај оваа инвестиција, во општина Карпош во населба Тафталиџе во завршна фаза е и реконструкцијата на водоводната мрежа по дел од улиците Њу Делхиска, Каирска, Римска и Алжирска во должина од 1.026 метри, информираа од претпријатието.
Исто така посочија дека веќе е направена реконструкцијата на водоводната мрежа по дел од улицата Скупи, а се работело на водоводната мрежа и во населбата Бардовци и во Средно Нерези.