Денеска од Германија, е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски Саздо на 29.06.2018, кој веднаш по убиството избега од државата, пренесува Канал 5.
Македонската полиција, по распишаната меѓународна потерница, активно трагаше по Ј.Љ и откако бил лоциран, била контактирана германската полиција која го привела. Детали се очекуваат во текот на денот од МВР.