БРАВО ЗА МВР, ЗА САМО ЕДЕН ДЕН ФАТЕНИ ДИЛЕРИ НА ДРОГА ВО ГОСТИВАР, ПРИЛЕП И БИТОЛА!

Приведен дилер од Битола, при претрес запленета дрога

На 12.08 2021 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, приведен е Р.Т.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Имено, врз основа на наредба за претрес на дом, издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Р.Т. во Битола, при што се пронајдени и одземени поголема количина марихуана, едно пакување амфетамин и масло од канабис.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Битола, по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Претреси во Прилеп, приведени двајца дилери

Денеска (12.08.2021) до 10.15 до11.00 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп ги привеле П.З.(24) и Д.Д.(27), двајцата од Прилеп. По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домовите на П.З. и Д.Д., при што биле пронајдени и одземени две ќеси марихуана, саксии со растение канабис и шишенца со 51 семка од растението канабис.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.

Приведени двајца гостиварци, пронајден кокаин

На 11.08.2021 година околу 22.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово- ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С.(38) и З.И.(24), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени неколку пакувања кокаин.

Тие биле задржани во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Link with us
Game bài đổi thưởng