БРАВО – За пет месеци рециклирани 100.000 пластични шишиња и лименки во Општина Центар

Скопје, 27 април 2021 – До денес, во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“, рециклирани се 100.000 PET пластични шишиња и лименки преку повратните вендинг машини на ЈП ПОЦ и Општина Центар кои веќе пет месеци собираат амбалажи кои одат на понатамошна обработка, а жителите за тоа добиваат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay картичка.

„Интересот на граѓаните за користење на повратните вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки е навистина голем. Оваа бројка од 100.000 рециклирани амбалажи е сигнал до нас дека жителите ја прифатија оваа идеја што ни дава мотив да продолжиме да инвестираме во овој проект за да создадеме модерна општина по пример на светските трендови“, изјави Васко Кичевски, директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

На територија на Општина Центар досега има 8 машини за рециклирање кои се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница Апче, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, во затвореното паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ, кај затвореното паркиралиште „Дилајла“ и на аголот спроти Министерство за економија во Капиштец, a до крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

„Среќен сум што жителите на Центар ги препознаваат нашите напори и активно се вклучуваат во создавање на поубава животна средина за сите. Ова ни дава елан како локална самоуправа и понатаму да вложуваме во напредни решенија за нашата општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Општина Центар е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите.

tải sunwin web game sun win sunwin lừa đảo

sun win sunwin có uy tín không

rikvip rikvip đế chế tỷ đô