БРАВО ЗАЕВ, БРАВО СДСМ, БРАВО ДУИ, ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА, ОВА Е УСПЕХ ПРЕД КОЈ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!!!

Македонија заедно со Узбекистан се издвоени како две држави во транзиција со најголем демократски напредок изминатава година според извештајот на „Фридом хаус“ за 2021 за состојбата на демократијата во земјите во транзиција. Со подобрување од 0,07 поени во демократското владеење и изборниот процес, Македонија има втор најдобар резултат од вкупно 29 земји кои се анализираат во извештајот. И покрај ова подобрување Македонија и останува во групата на држави кои имаат „хибриден режим“.

„Во Северна Македонија и Узбекистан делумните напори вродија со позитивни промени во реалноста, што беа причина за подобрување на резултатите на овие држави. (…) Во Северна Македонија, центар-левичарската Влада на Премиерот Зоран Заев поправи дел од институционалните штети кои ги направија нивните десничарско-популистички претходници, а и понатаму има можност да ги испорачаат придобивките од демократијата“, стои во делот од извештајот кој се однесува на земјите со најголема позитивна промена.

Овогодишното издание на „Земји во транзиција 2021 година“ е насловено како „Антидемократски пресврт“. Во него се издвојуваат токму земјите како Унгарија и Полска, кои помогнаа кон поширока транзиција кон демократија во 90-тите години, а сега одат назад кон авторитарното владеење.

Link with us
Game bài đổi thưởng