БРАВО – ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СИ ГИ ОПРАВДАА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ И НАЈАВИ ДЕКА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ 5 ОТСТО ЌЕ СТИГНАТ МЕСЕЦОВ

Покачувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници иако беше најавено во март, доцни од технички причини и ќе биде исплатено на крајот на месецов, најави вечерва во ТВ-интервју на Канал 5 министерот за здравство Венко Филипче.

„Здравствените работници кои работат со ковид пациенти околу Нова година беа наградени со по 30 илјади денари, а сите здравствени работници ги очекува и најавеното зголемување од 5 отсто на примањата. Поради технички причини беа задоцнети меѓутоа на крајот на овој месец ќе се исплатат за март, април, мај и јуни за да во следниот месец сите здравствени работници го добијат тоа зголемување од 5 насто“, кажа Филипче.

Според министерот, здравствените работници во коронакризата ги оправдаа покачувањата на платите кои во изминатиот период беа реализирани, но и паричните средства кои тие што работеа со ковид пациенти ги добија како награда на крајот на 2020. Тој рече дека оваа инвестиција, почнувајќи од 2017 па наваму чини 30 милиони евра за примањата на здравствените работници и сите други вработени, административци, помошно-технички персонал во здравствениот сектор.

Филипче говореше и за тоа дека здравствените работници, особено лекарите специјалисти имаат дуплирања на плата, а сестрите имаат зголемена плата за 30 проценти. На пример, рече тој, тие лекари што земале плата 60.000 до 65.000 денари, сега во некои клиники стигнуваат и до плата над 120 илјади денари.

„Во делот на медицинските сестри беше исто така, платите коишто беа помеѓу 19.000-25.000 денари сега варираат помеѓу 25.000-33.000 денари. Ова е огромно зголемување од околу 30 отсто“, кажа министерот.

Link with us
Game bài đổi thưởng