БРЕЈ БРЕЈ БРЕЈ – Камчев одбил прегледи на Кардологија, сакал да оди во приватна клиника

Судот издал решение за бизнисменот Орце Камчев да биде спроведен на кардиолошки испитувања, но тој одбил тие да ги прави на Клиниката за кардиохирургија при Клиничкиот комплекс ,,Мајка Тереза”, дознава „А1он“.

Кривичниот суд, решението го издал откако на последното рочиште за „Плацови на Водно“ тој се жалел на третманот и здравствената состојба. За одлуката на судиите од Кривичен биле известени и во затворот „Скопје“ во Шутка. Директорот Филип Андов за „А1он“ потврди дека решението не било спроведено.

„Притворениот одби да биде спроведен на Клиниката за кардиохирургија“, рече кратко Андов.

Според извори на „А1он“, Камчев барал кардиолошки испитувања да му бидат направи во приватна клиника. Токму тоа, било и причина што одбил да биде однесен во државната клиника.

sunwin web sunwin web sunwin tài xỉu

sun win

sun win

sunwin

sunwin tài xỉu