БРИТАНИЈА ЈА ОБВИНИ МОСКВА ДЕКА САКА ДА ПОСТАВИ ПРОРУСКА ВЛАДА ВО УКРАИНА

Русија распореди 100.000 војници покрај границата со Украина, но постојано негира дека планира инвазија (Фото: АП)

Велика Британија ја обвини Москва дека сака да ја замени украинската влада со проруска администрација, на чие чело би бил поранешниот украински пратеник Евгени Мурајев. Тој е лидер на малата проруска партија Наши, која моментално нема пратеници во украинскиот парламент.

„Британците се нешто збунети. Нема логика во нивните тврдења. Јас сум избркан од Русија, која ги конфискуваше парите од фирмата на татко ми“, изјави Мурајев.

Британската влада вели дека нејзините тврдења се засновани на разузнавачки проценки и наведе и неколкумина други украински политичари кои наводно се во контакт со руските разузнавачи и работат на планот на инвазија. Меѓу нив се Микола Азаров, кој беше премиер во времето на прорускиот претседател Виктор Јанукович, по што избега во Русија и бившите вицепремиери Сергиј Арбузов и Андриј Клуев.

„Овие информации фрлаат светлина врз обемот на руските активности со кои се поткопува Украина. Русија мора да ги запре своите кампањи на агресија и дезинформации“, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Русија во изминатиот период распореди 100.000 војници покрај границата со Украина, но постојано негира дека планира да ја нападне. Од друга страна, САД и НАТО сметаат дека инвазијата е неизбежна. Велика Британија и САД веќе почнаа да ѝ праќаат воена помош на Украина.

sunwin apk sunwin.apk mới nhất game bài sunwin

sun win

sunwin

game bài sunwin sunwin club game sunwin

tải sunwin