УШТЕ МАЛЦЕ ЌЕ ЗАВРШИ ОВОЈ КОШМАР СО ПАНДЕМИЈАТА: БРИТАНИЈА ПЛАНИРА ДА ОДОБРИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕД САД, ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ВО ДЕКЕМВРИ

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Германија и Шпанија се единствените земји од ЕУ кои имаат подготвено комплетен план за вакцинирање (Фото: АП)

Додека лидерите на Г20 ветуваат дека ќе обезбедат рамномерна дистрибуција на вакцините и лековите против ковид-19 со цел посиромашните земји да не бидат изоставени, САД, Велика Британија и Германија ги објавија плановите за почеток на вакцинирањето на своите жители уште во декември, додека Шпанија ќе почне во јануари.

Велика Британија би можела да ја одобри вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ најрано оваа недела, дури и порано од САД. Шефот на програмата за вакцинирање на САД, Монсеф Слауи, кажа дека првите Американци би можеле да примат вакцина против ковид-19 на 11 декември.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Повикувајќи се на извори од британската влада, „Телеграф“ објави дека Националната здравствена служба била информирана да биде подготвена за вакцинирањето до 1 декември. Британија нарачала 40 милиони дози и до крајот на годината очекува да добие десет милиони, што ќе биде доволно за заштита на пет милиони луѓе.

И Германија би можела да почне со вакцинирањето најрано следниот месец, изјави министерот за здравство Јенс Шпан. Според него, Германија и Шпанија се единствените земји од ЕУ кои имаат подготвено комплетен план за вакцинирање.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

„Има причини да бидеме оптимисти дека во Европа ќе имаме одобрение за вакцина до крајот на годината. Веднаш потоа можеме да почнеме“, изјави Шпан.

Шпанскиот премиер Педро Санчес кажа дека значаен дел од населението ќе биде вакциниран во првата четвртина од 2021.

Link with us
Game bài đổi thưởng