Брнабиќ: Под голем притисок сме, но нема да воведеме санкции против Русија

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека Србија е изложена на огромни притисоци бидејќи е „единствената земја во Европа“ која не вовела санкции кон Русија.

„Нашиот став е целосно во согласност со меѓународното право и нашите национални интереси. Не е лесно, но секој ден се бориме да го одржиме“, изјави Брнабиќ за Радио телевизија на Србија (РТС), наведувајќи дека Србија не го менува таквиот став.

Таа изјави дека се надева оти ставот на Србија е разбран или барем слушнат од партнерите од Русија, Европската Унија, САД и други земји.

Додаде дека таа позиција значи неповредливост на територијалниот интегритет на меѓународно призната држава, како што е Србија.

„Не можете да се заколнете во неповредливоста на територијалниот интегритет на Украина и во исто време дека овој принцип не важи за Србија. Затоа ставот на Србија е многу специфичен и секој треба да го разбере или барем да го слушне. Плативме највисока цена за такви прекршувања на меѓународното право“, рече Брнабиќ.

sunwin

sunwin

sun win

sunwin

tải sunwin