Брнз – Американците и граѓаните на Северна Македонија мора да застанат заедно со Украина

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Кејт Мари Брнз во коментар за државната агенција МИА посветен на тензиите меѓу Украина и Русија наведува дека „светот ја следи неиспровоцираната агресија на Русија кон Украина“, а дека активностите на Москва се закана не само за Украина, туку и за Европа и за меѓународниот поредок кој е заснован на правила.

„Нашите цели се едноставни. Ние сме подготвени со нашите сојузници и партнери да ја поддржиме европската кохезија, да ги зајакнеме нашите трансатлантски односи и да ги зацврстиме демократските држави и институции. Ова го правиме за да го подобриме животот и на граѓаните на САД и на граѓаните на Северна Македонија .И ова го правиме заедно“, наведува Брнз.

ЕУ подготви нов пакет санкции против Русија ако ја нападне Украина
Таа наведувајќи дека во текот на изминатите две децении, Русија изврши „инвазија на две соседни земји, се мешаше во изборите на други држави, користеше хемиско оружје за да изврши атентати на странска почва, ги користеше испораките на гас како политичко средство и ги прекрши меѓународните договори за контрола на вооружувањето“. Брнз пишува дека она од што рускиот претседател Владимир Путин навистина се плашел е дека демократските вредности и остварувањето на основните човекови права ќе продолжат постепено да го разјадуваат неговото влијание.

„Поради овие стравови, Русија продолжува со своите напори да ја поткопа украинската демократија со ширење дезинформации и воени заплашувања. Накратко, делувањето на Русија е опасно и дестабилизирачко“, пишува американската амбасадорка.

Блинкен за РСЕ: Русија ќе се соочи со „масивни последици“ за напад врз Украина

Брнз повикувајќи се на изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен наведува дека кога се зборува за иднината на Украина се зборува и за начелата кои веќе со децении го прават светот побезбеден и постабилен. Тие начела, пишува амбасадорката се следните: границите и територијалниот интегритет на една држава не можат да се променат со сила, граѓаните во една демократска држава имаат право да одлучуваат за својата земја и да ја одредат нејзината иднина, сите членки на меѓународната заедница се обврзани со заеднички правила и треба да се соочат со последици доколку не ги исполнат сериозните обврски кои ги преземаат.

„Ако ѝ се дозволи на Русија неказнето да ги прекрши овие начела ќе се испрати порака до другите држави во светот дека овие начела се минливи“, пишува Брнз.

Американски војници заминуваат за Источна Европа

Во коментарот за македонската државна агенција таа наведува дека САД сакаат да продолжат да ја градат меѓународната коалиција на партнери во Европа и пошироко, кои јасно ја гледаат оваа закана, наведувајќи дека нивните „пријатели во Северна Македонија се исклучително важни за ова“. Брнз нагласува дека се посветени на дипломатијата и дека јасно ставиле до знаење дека патот на дипломатијата обезбедува единствено трајно решение за сите, но дека ако Русија го избере другиот пат и дополнително ја нападне Украина, се подготвени и согласни со партнерите и сојузниците да наметнат сериозни последици врз Русија.

„Заканата за Украина од Русија е закана за демократските вредности насекаде во светот. Американците и граѓаните на Северна Македонија мора да застанат заедно со Украина за да обезбедат слободна и стабилна Европа, што е во најдобар интерес на граѓаните кои живеат во демократски држави, без оглед дали тие се граѓани на САД, на Северна Македонија, или на други држави во светот“, наведува американската амбасадорка.

tải sunwin sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin

sunwin.apk mới nhất

sunwin

sunwin web game bài sunwin sunwin club