БРЗИ И БЕСНИ – ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ – За само еден ден МВР казни 648 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи. Од нив, 41 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 276 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 372 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Link with us
Game bài đổi thưởng