БУГАРИЈА ЈА ДОБИ ПОРАКАТА ОД НАЈМОЌНАТА ЗЕМЈА ВО ЕУ – ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ УКИНЕ ПРАВОТО НА ВЕТО ВО ЕУ

Ретко се случуваат вака отворенени изјави од Германија, која не практикува отворени критики кон друга земја членка во ЕУ. – Хајко Мас (Фото: Фејсбук/Хајко Мас)

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска побара Европската унија да го укине правото на вето на земјите членки кога станува збор за надворешно-политички одлуки.

„Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, ја пренесе „Дојче Веле“ изјавата на Мас, кој ги обвини оние кои го прават тоа дека ја загрозуваат кохезивноста на Европа.

Ретко се случуваат вака отворенени изјави од Германија, која не практикува отворени критики кон друга земја членка во ЕУ. Иако Мас не именуваше ниту една земја, најверојатно е испровоциран од Унгарија, која блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ за прашања од надворешната и безбедносната политика.

Link with us
  • go88 info apk go88 thiên đường đổi thưởng tải go88
  • sunwin tại sunwin cho android apk tại sunwin ios
  • tải go88 trí tuệ siêu phàm go88
Game bài đổi thưởng