(ВИДЕО) Четири лица се повредени во пожарот во Тетово, наставата е прекината заради загадувањето

Во пожарот што утрово изби во објектите на „Македонија табак“ и „Пофикс“ лоцирани на излезот од Тетово има четворица повредени, од кои три лица се со асфиксија односно гушење, а за едно лице се претпоставува дека има скршеница на коленото, но нивната состојба е стабилна, информира Порталб.мк.

Општина Тетово во соработка со Секторот за образование донесе и одлука да се прекине наставата во тетовските основни и средни училишта бидејќи воздухот е многу загаден. Тетовските противпожарни екипи заедно со гостиварските и скопските се на терен, заедно со колегите од Итната медицинска помош.

„Брзата помош е подготвена да помогне на пациентите, досега имавме три случаи на асфиксија кои изгубија малку кислород, не беа тешко повредени, само ги транспортиравме до интерното одделение. Лицата биле цивили кои доброволно помагале и еден е со повреда здобиена од превозно средство. Пренесен е на ортопедија, постои сомнеж дека му е скршено коленото. Состојбата на пациентите е стабилна, тие се надвор од животна опасност“, рече докторот Исмет Ибиши.

Тој апелираше сите да си заминат што подалеку од местото каде што избувна пожарот поради загадениот воздух.

„Јаглерод диоксидот е многу поопасен и многу побрзо продира во белите дробови од кислородот, така што афинитетот за внес на јаглерод диоксид е многу побрз и поопасен за белите дробови. Што подалеку од сите овие простории“, рече Ибиши.

Надлежните апелираат граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, задолжително да носат заштитни маски.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов пристигна во Тетово и информираше дека хеликоптерот на МВР ќе се обиде да спречи ширење на пожарот.

„Во моментов се работи на откривање дали постои опасност во воздухот, односно дали има отровни гасови и што. Состојбата во моментов во однос на отровните гасови, според информациите што ги имам не е алармантна. Има зголемено ниво на ПМ честички, кои во моментов се покачени, но подоцна ќе паднат. Се обидуваме да го ставиме пожарот под контрола, во моментот кога ќе дојде хеликоптерот на МВР, проблемот е што гаснењето на ваков пожар со вода од воздух, може да предизвика ширење на пожарот. Поради оваа причина, побаравме водата да се фрла во линијата на огнот, а не да се фрла во задниот дел каде што имаме и контејнери со експлозив. Апелирам до сите присутни да го напуштат ова место додека не се воспостави целосна контрола“, рече Ангелов.

game sunwin

tải sunwin

sunwin

sunwin

sun win