ЧУДНО НЕОБЈАСНИВО ЛУДИЛО СЕ СЛУЧУВА ДЕНОВИВЕ: ЈАС НЕ ЈА РАЗБИРАМ ОВАА ПАРАНОЈА И ХИСТЕРИЈА НА ЈАВНОСТА ПРОТИВ ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР!!!

Леле ќе се градлело во Кисела Вода 100 згради на излезот од Скопје према исток?!?!
Леле ќе се градлео во Ѓорче во тоа ливадата на излезот од Скопје према запад?
Леле у Тетово ќе се градело?!?!

Па нели бе да не се гради у центар, да се гради на периферија? Распадник и Јурија се на периферија, сега и тоа ли е проблем?!?!
Абе луѓе разбирате ли дека народот има потреба од станови за домување, се множат луѓето, цената на становите треба да падне, сега е астрономски висока баш поради таа параноја и хистерија да не се гради никаде во земјава?!?!

Разбирате ли дека во градежната индустрија директно и индиректно работат над 50 000 народ? Ѕидари, плочкари, бетонџии, армирачи, инженери, архитекти, меблари, молери, фасадери, електричари, водоводџии, дизајнери, па потоа продавачи на бела техника, слики, теписони, лустери, завеси, ролетари, лифтови, огради, циглани, фабрики за песок, цемент, цигли, лепила, изолациони материјали?!?! Па ќе се земат кредити од банки, па осигурување, па нотари, адвокати, сите ќе заработат и во тие сектори…

Тоа е голема економија во која се вртат стотици милиони евра од кои дел ќе завршат во општините дел во државата поголем дел во плати на работници, ќе паднат цените на становите, ќе се уреди просторот со паркови меѓу зградите, улици, младите ќе има каде да основаат семејство, што ви е бе со оваа параноја и хистерија?!?!
КОЕ КУЧЕ ВЕ УКАСАЛО ПА СЕ ПОНАШАТЕ КАКО ЛУДАЦИ КОИ НЕ САКААТ ДА ВИДАТ ГРАДИЛИШТЕ И НОВА ЗГРАДА, КАКО ЗГРАДИТЕ ДА ЈАДАТ ЛУЃЕ КАКО НЕКОИ МОНСТРУМИ И ГЛЕДАТЕ КАКО НЕКОЈ УПЛАВ ДА ВЕ ФАТИЛ?!?!

Саше Ивановски Политико
Уредник на Мактел.мк